Викендов 31 сообраќајка во Скопје, три лица се здобиле со тешки телесни повреди

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 31 сообраќајна незгода од кои три со тешки телесни повреди, 11 со телесни повреди и 17 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 со лесни телесни повреди.

138 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 95 возачи бидејќи 40 го управувале возилото под дејство на алкохол, 43 возачи управувале возило пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени 32 возила бидејќи 31 возило било нерегистрирано и едно технички неисправно. Исто така санкционирани се и пет возачи кои поминале на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и еден не дал првенство на минување на возила.

Во текот на изминатите денови издадени се 189 мандатни платни налози, додека исто така 119 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен