Комисијата за уставни прашања даде зелено светло за 4-те нацрт амандмани на Уставот, преддложени од Владата, кои произлегоа од потребата за имплементација на Договорот од Препа меѓу Македонија и Грција.
За 1 декември, претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа почетокот на парламентарната дебата. За секој амандман, пратниците ќе можат да дебатираат по три дена. Нацрт-амандманите се носат со 61 глас од пратениците, по што следува јавна расправа.
Со денеска усвоениот нацрт-амандман, како што појасни премиерот Зоран Заев, се предлага и се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на историското и културното наследство на македонскиот народ, како и заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината.
Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Тоа се прави на начин кој нема да предизвика нови кавги и проблеми со соседите, туку ќе гради трајно пријателство.
Со новата формулација на членот 49, потенцира, се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет.