(ВИДЕО) Митески: Марин докажа дека пред избори може да се вети се`, а после може се` да заборави“

Од:

„По примерот на недомаќинското и неодговорно работење на Владата на Република Македонија предводена од СДСМ, така работи и локалната самоуправа во Аеродром предводена од Златко Марин.

Градоначалникот Златко Марин, согласно кварталниот извештај за реализација на буџетот на општина Аеродром, успеал да реализира капитални инвестиции во износ од едвај 22% од проектираните согласно буџетот изгласан на негов предлог“, рече Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

„Она што е загрижувачки е реализацијата на буџетот во делот на локален економски развој, која изнесува 0 денари, како реализацијата на буџетот во делот на заштита на животната средина и природа, која за вкупно 9 месеци од 2018 година исто така изнесува НУЛА денари.

Додека аеродромци се гушат во чад, ѓубре и депонии на секој ќош, Златко Марин не се труди да реализира ниту еден денар инвестиција за заштита на животната средина, иако тоа му беше едно од главните предизборни ветувања.

Мерната станица во Лисиче со месеци не работи, а загадувањето руши рекорди.

Уште една огромна лага на Златко Марин и СДСМ е реконструкцијата на патот Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери, каде што денес се наоѓаме.

Марин во неколку наврати по преземањето на градоначалничката функција ги лажеше жителите на Долно Лисиче дека во најскоро време ќе отпочне реконструкцијата на патот, меѓутоа и по една година власт, реализацијата не е ни на повидок.

Градежната сезона е при крај, поради што повеќе од јасно е дека Долно Лисиче и оваа година нема да дочека нов асфалт.

Градоначалникот е должен да им објасни на лисичани до кога ќе чекаат неговите ветувања да се остварат? Кога планира да отпочне со реконструкција на патот Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери? Дали освен исклучувањето на мерните станици, ќе реализира уште некој проект со цел намалување на загадувањето?

Со лаги избори се добиваат, ама со лагите кратко траат и брзо излегуваат на виделина.

Златко Марин успешно докажа дека пред избори може да се вети се`, а после избори може се` да заборави“, изјави Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски