Државници од пет континенти на церемонија во Париз

Од:

Во Париз кај Триумфалната капија се одржува централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна на која присуствуваат шефови на држави и влади од сите пет континенти на светот.

Предводени од домаќинот, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателите и премиерите од 72 земји дојдоа од Елисејскиот дворец, во кој утрово се собраа, и со автобуси преку авенијата Елисејски полиња (Шанз-Елизе) пристигнаа доТриумфалната капија.

Макрон и неговите колеги потоа заедно прошетаа до Триумфалната капија, каде се одржува свеченоста.

Само американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската држава Владимир Путин, посебно пристигнаа на церемонијата.

Прво Трамп со сопругата Меланија пристигна на свеченоста, а на крајот и претседателот на Русија.

За време на проаѓањето на конвојот на Трамп по Шанз-Елизе една жена успеала да го пробие обезбедувањето и со голи гради истрчала пред автомобилот на американскиот претседател. Одговорност за инцидентот презеде феминистичката група Фемен. Париската полиција соопшти дека во врска со инцидентот се уапсени две лица.

Би можело да ве интересира

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба

Наум Локоски

Македонска вечер на филмската ретроспектива за сто години од крајот на Првата светска војна

Ана Ололовска

Меркел: Првата светска војна ни покажа колку изолационизмот може да биде деструктивен

Ана Ололовска

Почна ручекот во Елисејскиот дворец, Путин и Трамп покрај Макрон

Ана Ололовска

Германскиот претседател положи венец во Лондон

Ана Ололовска

Макрон: Да се сеќаваме на жртвите, да ја потврдиме својата одговорност за мирот

Ана Ололовска