Во Боцвана се удавија 400 биволи, кои бегале од лавови

Од:

Стотици биволи се удавија во река на границата меѓу Боцвана и Намибија, кои бегале од лавови, соопштија локалните власти.

Локален жител за Би-Би-Си изјави дека биволите наишле на пречка, бидејќи дел од речниот насип бил превисок за да излезат. Тој вели дека никогаш не чул да се удави толкаво стадо биволи. Властите во Боцвана проценија дека се удавиле околу 400 биволи.

Симон Мичелети, сопственик на имот на намибиската страна на реката, изјави дека стадото било невообичаено големо – околу 1000 биволи.

Повеќето удавени биволи биле извлечени од реката од страна на локалните жители, кои го користат месото за прехрана.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Боцвана и се заканува на Германија: Ќе депортираме 20.000 слонови

Повторно масовна смрт на слонови во Боцвана

Ана Ололовска

Стотици слонови најдени мртви во Боцвана

Ана Ололовска

Фудбал моментално се игра во Белорусија, Русија, Шведска и Боцвана

А1он

Боцвана повторно дозволи лов на слонови

Во Боцвана пронајдени околу 90 мртви слонови

Ана Ололовска