(ВИДЕО) Димовски: Три историски документи да се вметнат во преамбулата

Од:

Три историски документи да се вметнат во преамбулата на Уставот, предложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој побара да се додадат Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското кресненско востание од 1878, Уставот на ТМОРО од 1896 и Уставот од 1991 година. Испирација за овој предлог како што рече било вметнувањето на Охридкиот рамковен договор во нацрт-амандманите.

„Имам дилема дали да стои Охридскиот рамковен договор , но образложенеито на премиеот го прифаќам дека тој е во Уставот само името дека го нема. Има уште три правни документи кои трбе да се во преамбулата. Првиот е правилата на македонскиот востанички комитет од Македонското кресненско востание од 1878 година. Во него се утврдува концептот на идната македонска држава. Во него разработени се меѓунационалните односи, односите со соседните народи и разработени се и социјални прашања“, рече Димовски.

По него премиерот Зaев рече дека ќе се консултира со правни екпсерти за предлозите,бидејќи според него немало ништо лошо во нив, особено ако тоа би придонело во иднина да се зголеми бројот на пратеници кои ќе размислат за поддршка на амандманите.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

A1on