Европската комисија одби да го коментира инцидентот на вчерашната прес-конференција на американскиот претседател Доналд Трамп, на која новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста беше прекинат од страна на првиот човек на САД додека поставуваше прашање, а потоа му беше одземена и акредитацијата.
– Што и да се случува во Белата куќа или каде било, не е на мене да коментирам, но ќе го кажам следното: во оваа прес сала ниеден новинар нема да биде забранет, лошо третиран, дискриминиран или непочитуван поради прашањата што ги поставува. Тоа никогаш нема тука да се случи, изјави портпаролот на Европската Комисија, Александер Виганд, на новинарско прашање на редовниот брифинг на Европската Комисија.