Ние преку договоорот сакаме да ја внесеме државата во ЕУ, а вашиот концепт е непознат, рече заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски. Тој ја повика опозицијата да учествува во процесот, потенцирајќи дека нема да навлегува во замката кој е поголем патриот.
„Заштитата за која зборува опозицијата ја има во нацрт амандманите. Тоа значи дека ако Грција не ја ратификува Спогодбата и протоколот за членството во НАТО, уставните амандмани нема да важат“, рече претходно Жерновски.
Жерновски ја искритикува опозоцијата за односот кон референдумот, што тие често го наведуваат како аргумент против уставните измени. Заменикот министер потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата барала и граѓаните да бидат консултирани на референдумот.
Претхонод, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, предложи посебен амандман за заштита ако не помине договорот во Грција.
Галена Николовска-Ризвановиќ