(ВИДЕО) Мицевски: Посебен амандман за заштита ако Грција не го ратификува Договорот

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски предложи посебен амандман за заштита ако не помине Договорот во Грција.

Тој рече дека иако Владата најавила дека тоа ќе биде содржано во уставниот закон, сепак треба да се вметне и во нацрт амандаманите. Мицевски образложи дека потребата за посебниот амандман доаѓа поради опасноста Македонија да биде државата која решила да се самоукине, ако Грција не го ратификува Договорот или од било кои причини процесот не успее.

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека референдумот е неуспешен и дека целиот процес на уставни измени е нелегитимен.

Тој апелира до сите пратеници да размислат бидејќи по завршување на уставните измени Република Македонија немало повеќе да постои.

Во Собранието продолжи комисиската расправа за нацрт-амандманите за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

A1on