ВИДЕО: Надал се врати на теренот по седум месеци пауза

Од:

Рафаел Надал конечно одигра натпреварувачки меч.

После седум месеци пауза поради повредата на коленото и одложување на враќањето на терените, шпанскиот тенисер ја забележа првата победа. Надал се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Чиле, после победата над Фредерик Делбонис со резултат 6:3, 6:2.

Иако го загуби првиот гем на својот сервис Рафа, брзо се врати во својот ритам и израмни во четвртиот гем.

Шпанецот подоцна направи брејк и дојде до предност од 1:0 во сетови. Во вториот сет Надал повеќе личеше на себе па со два брејка рано стигна до предност од 4:0 со што рутински го приведе натпреварот кон крајот.

Надал во четвртфиналето на турнирот во Чиле ќе игра против подобриот од дуелот Монтањес – Химено-Травер.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех