ЛДП на 16-ти декември ќе бира претседател, генерален секретар и Централен одбор

Од:

Синоќа Централниот одбор на Либерално демократската партија, во хотелот Континентал, ја одржа својата 14 седница.

На седницата, членовите на Централниот одбор едногласно донесоа одлука за одржување на 7 редовно Собрание на ЛДП, кое ќе се одржи на 16 декември 2018 година, со почеток во 12 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје.

На Собранието, 365 делегати ќе бираат Претседател, Генерален секретар, Централен одбор како и Надзорен одбор на партијата.

Покрај изборот на ново раководство на партијата, делегатите ќе расправаат и за собраниските документи, програмски декларации и резолуции, како и за промена на Статутот на партијата.

42 општински организации, Форумот на жени на ЛДП и Градската организација на ЛДП до 30 ноември ќе изберат нови делегати на Собранието а исто така ќе ги дадат предлозите за членови на новите состави на Централниот и Надзорниот одбор.

Заинтересираните кандидати за Претседател и Генерален секретар согласно одлуките на Централниот одбор своите кандидатури треба да ги достават до новоформираниот организационен одбор за подготовка на 7-то Собрание во состав: Игор Вељановски, Зоран Шапуриќ, Јулиана Николова, Моника Зајкова и Зоран Павловски.

На Собранието покрај 365-те делегати ќе присуствуваат и 300 гости од општинските организации на ЛДП.

Покрај донесените одлуки за одржување на Собрание, на седницата на Централниот одбор се разгледа и актуелната политичка состојба во државата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство