Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека во текот на вечрашниот ден и во текот на ноќта биле блокирани 115 фејсбук-профили поради постоење „сомнение за координирано не-автентично однесување” поврзано со странски групи кои се обидувале да влијаат на изборите.
Како што посочија од компанијата тие изгасиле 30 фејсбук-профили и 85 инстаграм-профили и во моментов се врши нивно испитување, објави АП.
Компанијата „Фејсбук“ пристапила со бришње на профилите откако добила информации од американските официјални претставници за можното мешање на „странски лица” на изборите, напиша шефот на службата за сајбер-безбедност на компанија, Натанел Гличер.
Тој додаде дека компанијата ќе ја информира подетално јавност за тоа веднаш штом ќе се соберат повеќе податоци, вклучувајќи и информации за тоа дали блокираните профили се поврзани со Интернет-истражувачката агенција со седиште во Русија или други странски лица.
Како што посочи шефот на службата за сајбе-безбедност на „Фејсбук“, речиси сите блокирани профили се на руски или француски јазик.