Претставници на Воениот комитет на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Од:

Претставници на Воениот комитет на НАТО денеска ќе ја посетат касарната „Илинден“ во Скопје и ќе се запознаат со капацитетите и подготвеноста на дел од декларираните единици на АРМ.

Пред високите воени посетители низ работни точки ќе бидат прикажани показни вежби од страна на припадниците на декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2, а ќе се запознаат и со дел од капацитетите на овие декларирани единици на АРМ.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници