Салата „26 април“ во Гевгелија ќе биде домаќин на дуелот меѓу Македонија и Косово

Од:

Градот Гевгелија и спортската сала „26 април“ ќе бидат домаќин на натпреварот меѓу Македонија и Косово закажан за 2 декември, недела, со почеток во 20:15 часот.

„Жолто-црвените“ ќе се обидат да запишат трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски заедно со градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков ја официјализираа соработката меѓу двете страни која ќе резултира со одигрување на натпреварот во Гевгелија.

– Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака, како и за условите на одигрување на натпреварот – од комплексот хотели до спортската сала. Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме втори декември, се вели во соопштението.

ФОТО: MКФ

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос