Со отварање на изложбата на фотографии „Штип низ времето“ почна одбележувањето на Денот на ослободувањето на град Штип. Фотографот Тоше Ристов вели дека изложбата ја сочинуваат 40 фотографии, а се реализира во соработка со фото кино клубот „Ванчо Прќе“ и Домот на млади-Штип.
-На оваа изложба низ 40 фотографии е претставен Штип од почетокот на 20 век се до 70-тите години. Користени се фтотографиите од aрхивата на фото кино клубот „Ванчо Прќе“, вели Ристов.
Штипјани можат да ја видат старата архитектура, но и како се одбележувале празниците низ градот.
Програмата за одбележување на Денот на ослободувањето продолжува и утре со низа културно-уметнички настани. На 8 Ноември ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Штип, на која ќе бидат доделени признанијата, а на Митровденските средби ќе се промовираат и новите доктори на науки, кои се родени или потекнуваат од Штип.