УЕФА ќе се обиде да го спречи создавањето на Суперлигата

Од:

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на создавањето на Суперлигата чие создавање беше најавено изминатите денови.

Информациите дека 11 клубови сакаат да создадат своја Суперлига од 2021 година, се појави во германски „Шпигел“, врз основа на информациите за фудбалските клубови кои ги доби изворот.

Тоа го повредува целиот фудбал во светот. Покрај тоа, тоа ќе го направи фудбалот повеќе здодевен. Да го гледате Јувентус со Баерн секоја недела е повеќе здодевно, отколку, да речеме, Јувентус со Торино. За мене, ова е јасно прашање. Јас ќе се борам против оваа идеја и ќе сторам сé што е во моја моќ, таква лига да не се формира додека јас сум на чело на организацијата. Ако зборуваме за затворен систем, можеме да заборавиме на солидарноста и развојот на фудбалот. На крајот сите губат, изјави Чеферин.

Според најавите во Суперлигата треба да играат 16 врвни европски екипи.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри