А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Поради криминалните интереси на Груевски и Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти

by А1он04/11/2018 - 15:06401
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Ало Миле ми текна и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот.

Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба.

Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.

Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра. Останува надлежните правосудни органи да одлучат за одговороноста.

Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ги сокријат штетите врз Буџетoт создадени од криминалното владеење на Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески“

kicevo-ohridsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто