Повеќето баратели на азил, кои пристигнуваат во Германија, се без документи за идентификација, пишува весникот „Велт ам Зонтаг”, цитирајќи податоци обезбедени од германското Министерство за надворешни работи.
Во првото полугодие од оваа година 58 отсто од возрасните бегалци кои влегле на германска територија биле без документи. Според федералната служба за миграција и бегалци, дел од нив намерно ги фрлаат документите за идентификација, „веројатно за да си ги зголемат шансите при разгледување на барањата за азил”.
Според статистиката на германското Министерство за внатрешни работи, 88 отсто од авганистанските баратели на азил, 89 отсто од Еритрејците и 95 проценти од Алжирците влегуваат во земјата без документи. Уште поголем процент се бегалците без лични карти и пасоши од Нигерија, Сомалија и Гамбија – од 97 до 99 отсто. За одбележување е дека оваа година само 21 процент од Сиријците и Турците, кои поднеле барање за азил во Германија, биле без документи.