ВМРО-ДПМНЕ: Рамниот данок 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места

Од:

„Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија.

СДСМ го укинува концептот на едноставем рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 – тина земји од Европа.

СДСМ со воведување на прогресивниот данок оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата. Бизнисот е директно погоден од ова мерка и истото ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места.

Власта со зголемување на даноците директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија.

Некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија. Ќе се засили одливот на мозоци, затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации, личности кои ние по секоја цена треба да ги задржиме во Република Македонија, да не отидат во некоја друга земја која што има подобри даночни услови.

Дополнително козметичките промени кои власта ги најавува во пензискиот систем исто така негативно ќе влијаат на отворањето на нови работни места и ќе ја дестимулираат економијата.

СДСМ со своето однесување застана спротивно од волјата на граѓаните. Оваа власт со своите активности оди на директна штета на еконимијата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап