Извидничко Поречанскиот Одред Галеб (ИПО Галеб) денес спроведе акција за чистење во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, Сојузот на извидници на Македонија и извидниците од Европа. Во акцијата учествуваа 25 извидници од ИПО Галеб и 15 извидници од Белгија, Шпанија, Данска, Германија и Велика Британија. Извидниците чистеа на оптег од хотел Континентал до железничката станица и притоа собра 14 вреќи најразличен отпад.
Во последните години загаденоста во Скопје претставува проблем кој што значително влијае на здравјето на жителите на Скопје, но и на глобалното затоплување. Еден од главните начини за решавање на овој проблем е едукацијата на граѓаните а особено на децата и младите, за личната одговорност односно придонесот во загадувањето но и неговотo намалување. Затоа извидниците преку превземање на акции од ваков тип и инспирање на граѓаните сакаат да придонесат за подигнување на свеста и да дадат личен придонес во решавање на проблемот.
На акцијата за чистење се вклучија дел од 200те извидници, кои што оваа недела учествуваат на „Извидничка академија“, најголемиот едукативен настан што секоја година се организира од страна на Европскиот извиднички регион на WOSM (World organization of Scout Movement) и WAGGGS (World Association of Girl Guides and Girl Scouts).
Оваа акција се одвиваше под мотото „Се грижам за Скопје“ и има за цел да ги инспирира жителите да направат добро и значајно дело за својот град. На социјалните мрежи ќе се споделуваат фотографии од акцијата со хаштагот #ICareAboutSkopje.