Од понеделник со изведба на првата претстава ќе започне второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело” во Гостивар.
Во петте фестивалски вечери од 5 до 9 ноември во ценатрот за култура „АСНОМ“ ќе бидат изведени пет театарски претстави на албански јазик.
Првата вечер, на 5 ноември, ќе се прикаже претставата „Самоубиец” на авторот Николај Ерман, во режија на Сулејман Рушити, копродукција на театарот „А. Зако Чајупи” од Корча и Националниот театар – Тирана.
Втората вечер, на 6 ноември, ќе биде изведена претставата „Оние кои бегаат” чиј автор и режисер е Куштрим Бектеши на театарот „Беким Фехмиу” – Призрен.
За 7 ноември, закажана е претставата „Оскарот и тетка Роза” од авторот Ерик Шмит, во режија на Кицо Лондо, во изведба наТеатарот на регионот Скадар – Кукес.
На 8 ноември, на сцената во ценатрот за култура ќе се изведе „Жени” од Роберт Томас, во режија на Ќендрим Ријани, во продукција на Албанскиот театар-Скопје.
Фестивалот ќе заврши на 9 ноември со претставата „Холишит” во режија на Илир Бокши, која ја подготви „ААБ Фарук Беголи” – Приштина.
Сите претстави ќе почнуваат во 19:00 часот во Центарот за култура – Гостивар. Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, а стручно жири ќе додели награди за најдобар актер, најдобра актерка, најдобар режисер и најдобра претстава.