Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ, на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.
„Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани“, рече Авировиќ.
Таа им порача на колегите да размислат дали земјата ќе се движи во правилниот правец или ќе остане на маргините на Европската Унија.
Авировиќ заедно со седумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за отворање на уставот.
Нејзиниот син Василије Авировиќ е осуден на три години затворска казна во предметот „Труст“, во кој е осуден и Сеад Кочан. СЈО побара од фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра. Обвинетите Сеад Кочан и Василије Авировиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“. „Силекс неметали“ е фирма ќерка на „Рик Силекс“, каде претседател на Управниот одбор на компанијата е претседателотот на СПМ, Љубисав Иванов – Ѕинго.
Галена Николовска-Ризвановиќ