Јахјага-Расмунсен:КФОР и понатаму ќе го гарантира мирот на Косово

Од:

Силите на КФОР и понатаму ќе останат во Косово, како гаранција на мирот и стабилноста, како и давање асистенција на косовските безбедносни сили. Ова на вчерашната средба во Брисел, Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и го ветил на косовската претседателка Атифете Јахјага, објави „Коха диторе“.

Јахјага и Расмусен разговарале околу последните случувања на Косово, за демократските процеси низ кои минува Косово и регионот во целина, а го нагласиле и значењето на мирот и стабиноста во регионот на Југоисточна Европа.

Расмусен го поздравил дијалогот со посредство на ЕУ, помеѓу премиерите на Косово и на Србија, поттикнувајќи постигинување стабилни договори и надминување на проблемите. Тој го нагласил значењето од интеграцијата на српската заедница од институциите на Косово,создавањето потребни услови за економски развој, како и распуштањето на паралелните структури на северот на Косово.

Јахјага се заблагодарила за постојаната поддршка на НАТО и КФОР и значајната улога како гаранција за мирот и стабилноста не само на Косово туку и на целиот регион. Таа  позитивно ги оценила досега постигнатите договори меѓу Приштина и Белград кои, како што рекла, имаат за цел да го олеснат животот на граѓаните на двете земји, приближувајќи им европска перспектива.

Би можело да ве интересира

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Косово: Двајца убиени во престрелка во кафеана

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина