Морачанин од ДОМ: Да започне комисиската расправа за Законот за спречување и заштита од дискриминација

Од:

Пратеничката од ДОМ, Морачанин побара Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика. Овој Предлог-закон, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, доставен е до Собранието на Република Македонија, во јуни оваа година. На 18.07.2018 ставен е на дневен ред на 53-тата пленарна седница.

„Целта на новиот Закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со него се врши усогласување на нашата законска регулатива со правото на Европската Унија. Во Извештајот за 2018 година, Европската Комисија препорача да се усвои новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и другите закони да се усогласат со него“, истакна Морачанин.

По меѓусебна консултација, членовите на Комисијата за труд и социјална политика од мнозинството и опозицијата, се договорија Предлог-законот да биде ставен на дневен ред на следна седница на Комисијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата