Во Крива Паланка се одржа јавна расправа по предлог Програмата за култура 2019.

Од:

Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2019 година беше тема на денешната јавна расправа што се одржа во Крива Паланка.

Дискутираа претставници од локалната самоуправа, локалните установи од областа на културата, здруженија на граѓани кои дејствуваат во областа на разни видови уметност, младински организации и останати граѓани.

-Целта на расправата е дискусија по драфт-верзијата на Програмата за подобрување и унапредување на постојните културни манифестации, надополнување на истите, што би се постигнало преку сугестии и идеи, предлози кои денес беа нотирани и во следниот период ќе бидат разгледани и анализирани од страна на креаторите на Програмата, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Посочи дека во насока на креирање на културната мапа на општината би можеле да се инкорпорираат и настани за оддавање почит и одбележување на значајни настани и познати личности од општината и регионот, организирање автентични манифестации за промоција на традиционалната кујна, колоритот и спецификите на народните носии, како и манифестација за иселениците од овој крај и личности кои успешно и достојно ја претставуваат државата надвор од нашите гарници.

-Предлог програмата се понуди на јавна расправа, со цел истата да се децентрализира, да се зголеми вклученоста на граѓанското општество и независниот културен сектор во концептот на демократизација и децентрализација на културата, во насока на воспоставување по организиран пристап во реализација на културните манифестации, како и унапредувањето на дијалогот помеѓу институционалните и вон-институционалните чинители во процесот на креирање на културниот живот во општината, рече Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот