Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин во вредност од 252 милиони евра, што е најголемото откриено количество дрога од 2001 година.
Дрогата е откриена во магацин во источниот шпански град Елче. Во операцијата се уапсени тројца Шпанци, вработени во компанија за увоз на кожа и производи од кожа од Колумбија.
Според полицијата кокаинот бил скриен во шест контејнери со кожа, кои пристигнале во Шпанија на 1 февруари.
Дрогата била наменета за Шпанија и други европски земји.