• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Благица Ласовска в.д. претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он01/11/2018 - 11:161145
Share0

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчерашната седница ја посвети на актуелната дневно политичка и економска состојба во државата и на внатре партиските случувања при што беа разгледани низа кадровски прашања, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

Тие потврдија дека Никола Мицевски е нов коориднатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил едногласно изгласан од колегите пратеници на координацијата на пратеничката група, на предлог на досегашниот координатор Драган Данев.

„Никола Мицевски е искусен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, а за нов координатор беше предложен од досегашниот координатор Драган Данев, кој од лични причини се повлече од функцијата координатор.
Членовите на ИК на вчерашната седница му одадоа признание и благодарнoст на досегашниот координатор Драган Данев за неговото залагање и вложување во еден исклучително тежок период на работење и политичко делување и во Собранието на Република Македонија и севкупно во државата. Истовремено информираме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во иднина ќе делуваат како една пратеничка група. Смената на координаторот на пратеничката група не е во врска со актуелните случувања во и околу партијата, туку е исклучиво заради натамошното поефикасно делување на пратеничката група“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие соопштија дека се констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени односно Унијата на млади сили и донеле одлука да се започне со процедура за распишување на процедура за избор на нови раководни тела на УЖ и на УМС. До изборот на претседатели на УМС и УЖ, Извршниот комитет за В.Д претседатели ги именуваше Јован Јаулески и Благица Ласовска.

„Во однос на актуелната политичка состојба, беше констатирано дека без оглед на сите закани, уцени и притисоци, партијата продолжува на истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси. Партиските акти изгласани на валандовскиот и кумановскиот конгрес и изборната програма на која што членовите, активистите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија дадоа поддршка за не менување на Уставот со цел промена на уставното име и натаму остануваат основен приоритет во натамошното делување. Извршниот Комитет исто така ги истакна и евро-атлантските определби на партијата и поддршката на процесите кои значат реформи во државата кои имаат цел да ја приближат Република Македонија кон стандардите на ЕУ и НАТО. Членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува приоритет во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, но со особен акцент на не нарушување на достоинството на Македонија и македонскиот народ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

lasovskaunija na zenivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он24/01/2026 - 13:3924/01/2026 - 13:27

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он24/01/2026 - 12:4424/01/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен