Надал: Можеби можев да играм, но не сакав да ризикувам

Од:

Шпанскиот тенисер и се уште прв светски рекет Рафаел Надал кој вчера не го одигра мечот против Вердаско на Мастерсот во Париз, изјави дека не сакал да ризикува со повредата.

– Почувствував болка во стомакот при сервис на загревање. Се консултирав со лекарот кој ми рече дека повредата може да се влоши доколку го играм мечот. Можеби можев да играм, ама не сакав да ризикувам. Ова беше тешка година за мене и сакам да избегнам такви работи, изјави Надал.

Шпанецот од понеделник ќе му го отстапи лидерското место на АТП ранг листата на Новак Ѓоковиќ, без оглед на пласманот на Србинот во француската престолнина.

Ѓоковиќ попладнево во осминафиналето игра против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ