САД размислуваат за распроредување дополнителни 15.000 војници на границата со Мексико

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД може да распоредат до 15.000 војници на границата со Мексико за да спречат влегување на каравани со централноамерикански мигранти кои бегаат од сиромаштијата во своите држави.

– Што се однесува до караваните мигранти, нашата армија е распоредена. Имаме окоу 5.000 војници и ќе распоредиме уште 10.000 или 15.000, нагласи Трамп.

Два каравана со околу 6.000 луѓе од Централна Америка сега се на југ во Мексико и се движат кон американската граница, каде мигрантите планираат поднесување барање за азил.

– Имиграцијата е многу важна и многу опасна тема, додаде Трамп на прес-конференција. Пентагон досега одобри распоредување на околу 5.000 војници на границата САД-Мексико на кои ќе им се придружат околу 2.100 веќе мобилизирани припадници на Националната гарда.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија