Адеми: Работиме на создавање голема мултилатерална економска и културна платформа

Од:

Заеднички работиме на создавање голема мултилатерална економска и културна платформа што на долг рок ќе обезбеди благосостојба за граѓаните на нашите земји, одржлив развој на економијата и мирољубива соработка меѓу различните народи и култури, рече синоќа министерот за култура Асаф Адеми во обраќањето на 5. Симпозиум на високо ниво на Think Tanks организации на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Координативниот центар за културна соработка во НУБ „Св. Климент Охридски”.

На симпозиумот што изминатите два дена се одржуваше во МАНУ, присуствуваа 30-тина учесници од земјите од Централна и од Источна Европа.

Во нивна чест, соопштија од Министерството за култура, беа организирани и културни настани преку кои беа презентирани вредностите на македонската култура и традиција, беше претставена изложба на македонскиот реномиран уметник, Решат Амети, а виолинистката со светско реноме, Ева Богоевска изведе дела од светската, но и македонска композиторска традиција.

Адеми посочи дека Координативниот центар за културна соработка 16+1 претставува линк меѓу земјите во овој процес, во насока на создавање на соработка и поттикнување на нови идеи и пристапи во областа на културата. Тој ги поздрави напорите на присутните во зајакнувањето на соработката меѓу земјите кои се вклучени во овој процес, информираат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ