Спасувачките екипи извадија 21 тело од рудникот во кинеската провинција Шандонг.
Кинеската агенција Ксинхуа објави дека последното тело било извлечено во понеделникот попладне, објави АП.
Повеќе од 300 луѓе работеле во рудникот за време на колапсот што се случи на 20 октомври, околу 23 часа по локално време.
Повеќето луѓе беа извлечени, но 22 рудари останаа заробени во урнатини, еден од нив беше извлечен следниот ден, додека останатите 21 рудар во текот на вчерашниот ден.
Причината за колапсот на рудникот сè уште се испитува.