„Ауди“ удри во 18-годишна девојка во Штип

Од:

Осумнаесетгодишна девојка е повредена во сообраќајна несреќа во Штип. Како што информира МВР, вчера во 17:10 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата од улицата Гоце Делчев и улицата Вељко Влаховиќ возило „aуди А4“ со штипски регистерски таблички управувано од Т.Н. (51) од Штип удрило во пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ