Жена повредена во сообраќајка на регионалниот пат во село Крупиште

Од:

Жена е повредена во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат во село Крупиште, Пробиштип. Според полицијата, вчера во 10:20 часот било пријавено дека В.П.(46) од село Стрмош, Пробиштипско, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.П.(69) од село Стрмош, а ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски