Нов сомнителен пакет испратен на Си-Ен-Ен

Од:

Нов сомнителен пакет адресиран до Си-Ен-Ен утринава бил пресретнат во поштата во Атланта, соопшти денеска првиот човек на телевизиската мрежа Џеф Закер.

Полицијата од Атланта потврди дека утрово по локално време реагирала на сомнителен пакет во поштата.

Закер информира дека целата пошта за Си-Ен-Ен се проверува надвор од просториите на телевизијата од минатата недела, кога беа испратени серија импровизирани бомби на политичари демократи или критичари на американскиот претседател Доналд Трамп. Една од овие бомби беше испратена во дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.

За попладнево е закажано првото сослушување на 56-годишниот Сизар Сајок, чии отпечатоци од прсти и ДНК, според истражителите, се пронајдени на испратените пакети.

Сајок, кој беше уапсен во петокот на Флорида, се соочува со пет федерални обвиненија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас