Зехофер: Штета што Меркел сака да се повлече од лидерското место во ЦДУ

Од:

Конзервативниот сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел и министер за внатрешни работи Хорст Зехофер е незадоволен од намерата на германската канцеларка Ангела Меркел да се повлече од претседател на Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Тој најавите за повлекување на Меркел од лидерската позиција во ЦДУ ја оцени како „срамота“, додавајќи оти нивниот однос е обележан со „меѓусебно почитување“.

И покрај тоа што Меркел планира да остане канцеларка до истекот на мандатот односно до 2021 година, сега се поставува прашањето за иднината на Зехофер, со оглед на лошите резултати што неговата Христијанско-социјална унија (ЦСУ) на изборите во Баварија.

Претходно, германските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори во ЦДУ објавија дека Меркел нема повторно да се кандидра на изборната конференција во декември за претседател на партијата.

Таа најави и дека по завршувањето на нејзиниот мандат во 2021 година нема да се кандидира за каква било функција во Европската унија.

По таквите најави од страна на Меркел се огласи и поранешниот лидер на парламентарната група ЦДУ и нејзината баварска партија ЦСУ Фридрих Мерц, кој изјави дека е подготвен да се кандидира за претседател на Христијанско-демократска унија.

Во меѓувреме и германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека планира да се канидира за партиски лидер на ЦДУ, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неименувани партиски извори.

И генералниот секретар на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер исто така највил дека ќе претендира за претседател на демохристијаните.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“