Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, Расел Вестбрук за време на НБА дуелот со Феинкс на млад навивач му ја понуди својата патика за парче пица.
https://www.youtube.com/watch?v=lW2lqR0AH4I
Камерите го уловија интересниот момент кој се случи зад клупата на Оклахома, каде се наоѓаше момчето кое јадеше пица. Тогаш Вестбрук се сврти и му ја понуди својата патика во размена за парчето пица. Момчето најпрвин се двоумеше, апотоа со насмевка ја прифати трампата на Веструк.
Оклахома го доби мечот со 117:110.