ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„Одродената и криминална власт на СДСМ е исплашена и мора да лаже бидејќи граѓаните ги препознаа нивните антидржавни политики.

Единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал своите партиски војници упорно ги принудува да пишуваат соопштенија со цел да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев.

Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на Вице и Кочо.

Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина. Граѓаните на Република Македонија не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование.

Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Зоран Заев е премиер, а СДСМ е на власт“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра