ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жртви на економски геноцид

Од:

„Одродената и криминална власт на чело со Зоран Заев работи единствено за бизнис интересите на картелот. Важно им е да вртат камионите на Вице, да се множат тендерите на Кочо, да има што повеќе криминални грантови кои ќе ги добиваат неколкумина од врхушката на власта. Граѓаните се жртви на економски геноцид. Над 460 илјади Македонци живеат со еден оброк на ден, гладуваат и се борат со сиромаштијата, додека картелот ги брои милионите на своите сметки заработени на нивниот грб.

Устите им се полни со европски вредности и Европа, од која единствено го користат еврото кое станува нивен добро препознатлив симбол. Таков пример се 35 милиони евра за крвавиот тендер во здравството, криминалните грантови од Фондот за иновации тешки 11 милиони евра, концесиите, дозволите, државното земјиште доделени на партиски послушници и роднини на Заев вредни 10-тици милиони евра, стеблата марихуана или камионите ангажирани во РЕК Битола.

Одродената и криминална власт на чело со Зоран Заев во обид да го продолжи својот политички живот во ова беззаконие се реши да започне со распродажба на единственото нешто кое во криминалната транзиција не успеаја да го докусурат, а тоа се државните и националните интереси. За спас на трагичната политичка кариера на единствениот премиер во Европа кој е аболициран, срамно се менува името и идентитетот и се погазува демократијата и волјата на народот.

Поразите претставени како победи мора да запрат. Мора да се стави крај на капитулациите претставени како компромиси и да се престане со систематското уништување на државата. Граѓаните ќе го поразат ова сивило, ќе го поразат Зоран Заев со својот глас кој што истиот тој сега не го почитува. На следните избори граѓаните конечно ќе расчистат со транзициските политичари“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра