МЗТ го совлада Гостивар, Работнички поуспешен од Куманово

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје на домашен терен го совладаа Гостивар со 97:81 во рамките на четвртото коло од Првата кошаркарска лига.

Иако домашните кошаркари извојуваа убедлива победа со 16 поени разлика, тимот од Гостивар триесетина минути беше равноправен противник и во последната четвртина од натпреварот влезе со само два поени негатива 70:68.

Но, МЗТ со серија на тројки направи предност од 84:71 која до крајот беше недостижна.

На вториот натпревар денеска Работнички извојува победа со 70:82 на гостувањето кај Куманово.

Домашните кошаркари во првото полувреме постојано одржуваа предност и на паузата заминаа со 42:39, но во вториот дел Работнички ја презедеконтролата над теренот и стигна до триумф од 70:82.

Работнички со оваа победа се врати на врвот од табелата и заедно со Блокотехна имаат по четири победи и ниту еден пораз, а зад нив се МЗТ, Фени и Куманово со по три победи и еден пораз.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос