Без струја дел од неколку скопски општини

Од:

Дел од општините Карпош, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Сарај и Кисела Вода денеска во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа.

Без електрична енергија ќе останат: од 09:00 до 14:30 часот корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 90, 92, 94 и 96, како и дел од улиците „Осло“ „Војвода Васил Чакаларов“ во Карпош, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од село Рашче, Индустриската зона Илинден, селата Стајковци и Марино, населбата Белви и околината, селото Кадино, населбата Илинден, селата Јурумлери и Брњарци, Индустриската зона Марино, како и селата Арачиново и Белимбегово во општините Илинден и Гази Баба, од 09:00 до 15:00 часот дел од селото Морани во Општина Студеничани, додека од 09:30 до 11:30 часот струја нема да имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подуличка 11 во Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата