Европол идентификуваше повеќе од 240 деца – жртви на злоставување

Од:

Во сеопфатна операција на Европол, во која учествуваа истражители од дваесетина земји, откриени се повеќе од 240 деца, кои од 2014 година биле жртви на сексуална злоупотреба во светот, соопшти денеска Европската полициска агенција.

Ова е првпат Европол да објави податоци собрани од работната група за идентификација на жртвите на сексуална злоупотреба. Петтата операција на таа група, која трае две недели, завршува в петок.

– Европската агенција, благодарение на тие истраги успеа да пронајде и спаси 241 жртва во светот во последните четири години, изјави Фернандо Руиз, директор на Канцеларијата на Европол за борба против информатички криминал.

– Поднесени се кривични пријави против 94 осомничени лица во 28 земји, изјави Руиз.

Во 2018 година, во операцијата учествувале 27 истражители од 21 земја, вклучувајќи ги САД и Австралија.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени