Осумтемината пратеници го известија Џафери дека ќе делуваат како независни во нова пратеничка група

Од:

Осумтемина опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени, попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници.

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група.

Најверојатно координатор на оваа пратеничка група ќе биде Елизабета Канческа-Милевска.

Оваа нова пратеничка група во Парламентот, како што велат, ќе делува опозициски и од понеделник ќе ги започне разговорите за нацрт предлозите за уставни амандмани, но во согласност со нивните четири барања што ги доставија до Собранието пред гласањето за уставни измени минатиот петок.

Во оваа пратеничка група освен Канческа-Милевска ќе бидат и пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Нола Исмаиловска Старова.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он