Хезболах преку плакати бара донации

Од:

Либанската шиитска организација Хезболах, која е под остри американски санкции, бара донации преку огромни плакати на улиците во јужните шиитски предградија на Бејрут, со телефонски броеви преку кои поддржувачите можат да донираат средства за овие герилски сили.

– Оној кој опремува воини, исто така учествува во борбата, пишува на постерите како цитат на пророкот Мухамед.

На плакатите е прикажан вооружен борец на Хезболах во униформа, како го држи жолтото знаме на оваа група и либанското национално знаме.

Повиците на Хезболах за донации се интензивираа последните неколку месеци, затоа што групата и нејзиниот главен поддржувач, Иран, се под зголемен финансиски притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вашингтон со децении одржува санкции кон оваа група која ја смета за екстремистичка, но најновиот бран санкции годинава е посериозен, со оглед на тоа што санкциите се поостри и против раководството на Хезболах и против бизнисмени и компании кои, според Соединетите Американски Држави, ја финансираат групата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Израел и Хезболах се на чекор од постигнување на договор за мир