Германската министерка за образование ќе го тужи Универзитетот во Дизелдорф

Од:

Германската министерка за образование Анете Шафан денеска изјави дека пред суд ќе ја оспори одлуката на Универзитетот во Дизелдорф со која и се одзема докторатот поради плагијат.

Шафан, која е во посета на Јужна Африка, најави дека ќе преземе правни дејства против Универзитетот во Дизелдорф.

Универзитетот „Хајнрих Хајне“ и ја одзема докторската титула на 57-годишпната Шафан тврдејќи дека препишувала од други автори. Дванаесет членови на Советот на факултетот гласале за одземање на докторатот на министерката додека двајца биле против. Таа е доктор по философија од 1980 година. Нејзината докторска дизертација била „Народ и совест“.

Шафан е член на Христијанско демократската унија на канцеларот Ангела Меркел.

Медиумите во Германија оценуваат дека таа веднаш треба да поднесе оставка. За нејзина оставка се заложија и лица од партијата на Зелените и од левицата кои оценуваат дека Шафан не е одговорна личност за министер за образование и потсетуваат на поранешниот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг кој по аферата Докторат-плагијат поднесе оставка на министерската функција.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите