Првиот човек на ЕБРД во посета на Косово

Од:

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, утре ќе допатува во дводневна посета на Косово.

Ова е негова прва посета на Косово, откако земјата стана членка на ЕБРД минатата година. За време на посетата, првиот човек на ЕБРД со високите владини претставници на Косово ќе разговара околу инвестициските приоритети.

Предвидени се средби на Чакрабарти со косовскиот премиер Хашим Тачи и со министерите за економски развој и за трговија и индустрија, Бесим Беќај и Мимоза Кусари-Лила.

Високиот гостин ќе ги пушти во употреба и новите простории на Банката во Приштина, од каде ќе се поддржува транзицијата на Косово кон отворен економски и демократски пазар.

Претседателот на ЕБРД ќе се сретне и со претставикот на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар, како и со локалната дипломатска и бизнис заедница. Тој ќе ја посети и Грачаница, каде ќе се сретне со првиот човек на градот Бојан Стојановиќ.

Од 1999  година ЕБРД преку инвестиции во проекти во приватниот сектор го подржал Косово со над 66 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина