Здружението на стечајци „Унит“ го поздрави законот за стечајци со кој дополнително се опфаќаат 1.600 стечајци

Од:

Членовите на здружението на стечајни работници „Унит“ од Куманово, денеска го поздравија усвојувањето Законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложен од група пратеници, со кој се очекува да бидат опфатени дополнителни 1.600 стечајци на ниво на државата.

Координаторката на здружението, Лилјана Георгиевска изјави дека со овој предлог се отстранува условот за лица кои по стекнување на право за материјален надомест биле вработени на неопределено време, а работниот однос им престанал или по нивна или одлука на работодавецот.

– Многу значи ова новина, бидејќи ќе бидат опфатени и стечајците кои, не поради нивна вина или волја, ги напуштаа фирмите, како примерот со Монопол кога поради здравствено осигурување, работниците мораа да ја напуштат работата. Сега со овој предлог ќе бидат опфатени и оваа категорија стечајци, изјави Георгиевска.

Таа истакна дека во Куманово, пред усвојување на овој закон спорни биле стечајците кои доаѓаат од фирмите „Житомел“, „Монопол“, „ЗИК сточарство и преработка“, „Кожара“ и „Чик“.

Досега, потсети Георгиевска, опфатени се околу 6.400, сега со новите измени се очекува да бидат опфатени дополнителни 1.600 или вкупно околу 8000 стечајци. Таа изрази надеж дека со ребалансот на буџетот ќе бидат одвоени средства и за материјално згрижување на стечајците кои доаѓаат од фирми на кои им е сменет матичниот број.

– Ќе продолжиме да се бориме се додека не биде опфатен и последниот стечаец. Пресреќни сме, што има одредена сума со кои стечајците ќе можат достоинствено да ги поминуваат месеците се до пензионирањето, додаде Георигиевска, и им се заблагодари на координаторите на здружението низ градовите од Македонија.

Стечајците ќе имаат можност да аплицираат до 31 декември годинава, а ќе добиваат 8.953 денари месечно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска