Руфи Османи кандидат на НДП за градоначалник на Гостивар

Од:

НДП на претстојните локални избори за градоначалничкото место во Гостивар ќе го кандидира   актуелниот градоначалник и претседател на партијата Руфи Османи, а во Тетово Изет Зеќири.

Ова го истакна потпретседателот на НДП Артан Дика, на денешната прес-конференција на која ги објави имињата на кандидатите за градоначалници во некои општини од редовите на партијата.

– Во Чаир ќе настапиме со партискиот потпретседател Гиктен Хазири, во Теарце со успешниот бизнисмен Рамадан Идризи, а во Желино со магистерот по финансии Беќир Черкези. Кандидат на НДП во Арачиново ќе биде бизнисменот Фекри Билали, во Куманово инженерот Фатри Салиу, а во Липково економистот Елхам Адеми, истакна Дика.

Во другите општини, додаде, НДП е во фаза на финализација на консултациите со јавни личности, бизнисмени и претставници од граѓанскиот сектор.

– Исклучок претставува општина Кичево, каде НДП ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, но ќе настапи со самостојна советничка листа, исто како и во сите други општини со мнозинско албанско население, рече Дика.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?