Османи: Естонија претставува модел на успешна европска приказна

Од:

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, Даниел Ерик Шаер, кој по повод истекот на неговиот мандат е во посета на нашата земја.

„Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции“, истакна Османи, изразувајќи искрена благодарност до амбасадорот Даниел Саер, за континуираната поддршка од неговата земја, но и за неговото лично залагање во изградбата на пријателството меѓу двете земји.

„Македонија се наоѓа во последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите со Европската Унија, и во овој момент поддршката од пријателите има особено значење за нашиот успех“ истакна Османи, посочувајќи на напредокот во исполнувањето на обврските на земјава, како во имплементацијата на спогодбите со соседите, така и во адресирањето на реформските приоритети.

На крајот од средбата Османи ја реафирмираше благодарноста на Владата за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, посакувајќи му притоа успех на Н.Е. Ерик Шаер во неговиот натамошен професионален ангажман

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски