ВИДЕО: Моментот кога презентерите од Си-ен-ен дознаа дека нивната зграда се евакуира

Од:

Пакети со експлозив беа испратени до Белата куќа, домот на Бил и Хилари Клинтон, Обама, Џорџ Сорос, како и до Си-ен-ен.

Поради пакетот испратен до телевизиската куќа, сите вработени од зградата беа евакуирани, а моментот кога новинарите дознаа за евакуацијата, одеше во живо. Тие известуваа токму за испратените експлозивни направи.

Шефот на антитерористичкиот оддел со седиште во Њујорк, Џон Милер одржа прес-конференција заедно со претставници на ФБИ, каде што објасни дека сите откриени експлозивни направи се всушност грубо изработени цевкасти бомби, објави агенцијата АП.

Милер додаде дека засега никој не е уапсен и дека направите не повредиле никого.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рече дека денешното испраќање на сомнителни пакети со експлозив ширум САД е терористички чин.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека нема да биде изненаден доколку се најдат уште сомнителни пакети бидејќи еден од нив бил испратен и во неговата канцеларијата во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски