Јахјага-Ромпуј: Дијалогот во функција на европскиот дух

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага на денешната средба во Брисел со претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј, нагласи дека Косово направило значаен напредок во исполнувањето на критериумите и стандардите за почеток на преговорите за Спогодбата за асоциација и стабилизација, како и исполнувањето на критериумите за визна либерализација, за да граѓаните на Косово патуваат слободно како и сите граѓани на дургите земји од регионот.

Според Јахјага, борбата против корупцијата и организираниот криминал се приоритет и оти Косово ги создало сите неопходни механизми во брбата против овие негативни феномени.

– Косово е фактор на мирот и стабилноста во регионот и промотор на добрососедството. Го поддржувам дијалогот со посредство на ЕУ и со силна поддршка на САД, кој се одвива меѓу Република Косово и Република Србија за нормализирање на односите и олеснување на животот на граѓаните на двете земји, изјави Јахјага.

Од своја страна, Ромпуј оцени дека дијалогот е во функција на европскиот дух за да се надминат проблемите од минатото и да им се даде преспектива на сите граѓани.

Според него, за сите земји од регионот европската перспектива е јасна и отворена и оти тие треба да работат во изградбата на мостови на меѓусебна сорабтка.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина